Страотна глетка во близината на Сараево. Во сообраќајна несреќа на камион – миксер и автомобил животот го загубија две жени и четиримесечено бебе. До несреќата дошло кога автомобилот „пежо 307“ завршил под камионот и целосно е згмечен.
Од силината на ударот делови од автомобилот има разлетано на сите страни, а пристигнале две противпожарни екипи на лице место да го сечеат згмеченото возило како би ги извадиле телата на настраданите.
Глетката е траорна. На лице место покрај припадниците на МВР, јавниот обвинител и екипите на Брзата помош на лице место се појавија и најблиските роднини на настраданите, на кои им беше неопходно укажување на лекарска помош по глетката која ја видоа.
Поради оваа сообраќајна несреќа со жртви, сообраќајот на магистралниот пат Хаџичи – Пазариќ попладнево целосно беше во прекин, а возилата се пренасочуваа да се движат по алетрнативен пат кон Градац.