Основното јавно обвинителство во Струмица подигна обвиние за извршено убиство против М.В.(54) од село Добрејци. Него обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија”.
Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, обвинението од ОЈО Струмица е примено во судот и се работи на оценка на обвинителниот акт.
-Обвиненито е примено во судот пред една недела и откако ќе стане правосилно, односно оценката биде позитивна, ќе се закаже главна расправа, информираше судијката Каламерникова.
Од ОЈО Струмица потврдуваат дека е покреното обвинение против М.В. само за убиството извршено во мај на Иљашев, чие тело беше пронајдено во акумулацијата на 20 јуни. За убиството на вториот струмичанец, шеесет и двегодишниот Александар Мицев, чие тело затворено во камионски резервоар за гориво, исто така, беше пронајдено во „Турија”, засега нема подигнато обвиние поради немање доволно докази.
Инаку, полицијата го сомничи М.В. дека е сторител и на второто убиство извршено од користољубие на подмолен начин лани на 9 октомври, а телото на убиениот беше извадено од браната „Турија” на 5 август годинава.
По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица обвиниетиот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство”.