Физички биле следени Јанева, Боки и Кичеец

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева била физички следена десетина дена, а Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец околу еден месец соопштија адвокатите на обвинетите  за случајот „Рекет“ откако направија увид во доказите. Адвокатите на Јанева во Обвинителството за организиран криминал, ги видоа доказите против поранешната специјална обвинителка добиени со ПИ- мерките.

„Денеска ги видовме ПИ -мерките кои биле преземени за Јанева и слушавме и дел од разговорите. Јанева била следена десетина дена, а Бојан Јовановски и Зоран Милевски околу еден месец“, рече Ирена Фрчкоска адвокатката на Јанева.

Адвокатите в среда ќе и раскажат на Јанева што виделе денеска и со какви докази располага Обвинителството за таа да се подготви за одбрана.

„Откако ќе се видиме и ќе ја запознаеме Јанева со се она што сме го виделе, начинот на одбрана ќе биде диктиран лично од неа, рече адвокатот Дељо Кадиев.

Адвокатите потсетија дека не им е овозможен увид во сите списи за „Рекет“. Во овој случај осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева. Кичеец минатата недела беше пуштен од затворот во Шутка во домашен притвор, а Јанева и Боки 13 остануваат во притвор.

Треба да знаете
Последни објави