Граѓаните во тешка материјална состојба може да побараат адвокат обезбеден од државата

Новиот Закон за бесплатна правна помош, кој на голем број граѓани ќе им овозможи пристап до правдата и остварување на нивните права, денеска стапува на сила.

Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството. Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека овој закон придонесува кон градењето на владеењето на правото, но и содржи и една хумана димензија која подразбира дека материјалните можности не смеат да бидат пречка за остварување на правата на граѓаните.

Дескоска потенцираше дека со овој закон, граѓаните кои немаат доволно финансиски средства ќе можат да ги остварат своите права пред судовите, пред управните органи, но и пред други државни органи како што се Уставниот суд, народниот правобранител и други институции.

Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за спорови со осигурителни компании итн.

Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош. До сега не се покриваа судските такси, трошоци за вештачење и слично што беше пречка за многумина да добијат заштита заради дополнителните трошоци. С

Со новиот закон, корисниците на бесплатна правна помош се ослободуваат од судски трошоци и од трошоци за вештачење и истото ќе се врши од Бирото за судски вештачења без надомест.

Дескоск рече дека со години наназад буџетот за оваа намена беше 3.000.000 денари, а оваа година изнесува 5.000.000 денари.

Бесплатна правна помош може да искористи оној кој живее сам, а неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата, ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20% од минималната плата за секој член поеинечно. Тоа значи 12 500 денари плус 2500 денари или вкупно 15 000 денари месечен приход ако се двочлено семество, или 17 500 денари за трочлено семејство, 20 000 за четиричлено семејство, итн.

При тоа како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време итн.

Исто така барателот на правна помош не треба да има повеќе од еден едностанбен објект или стан во зграда, да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 метри квадратни во Скопје, 500 метри квадратни во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5000 метри квадратни во рурални средини и едно моторно возило до 1.200 кубни сантиметри.

Треба да знаете
Последни објави