Поп-рок пејачката Деби Хари (74) од групата „Блонди“ ги објави мемоарите „Face It“, во кои напиша работи кои досега не биле познати за јавноста, пренесува „Мирор“.
„За мене, најдобриот период на групата „Блонди“ беше кога штотуку почнавме да се пробиваме во Њујорк. Никој не зборуваше за комерцијален успех. Она што го работевме беше многу подобро од тоа“, напиша Деби во мемоарите, нагласувајќи дека „славата е како сексот“.
На почетокот од кариерата Деби работела како келнерка во бикини и нејзиниот тогашен партнер, гитаристот Крис Штајн (69), добивал социјална помош. Додека свиреле во клубот ЦБГБ, Деби за прв пат пробала хероин.
„Секојпат кога сакав да избришам делови од мојот живот или да се борам против депресијата, земав хероин“, рече таа.
Групата „Блонди“ одела на турнеи со Иги Поп (72) и Дејвид Боуви.
„По еден концерт, Иги и Дејвид бараа кокаин и се вратија по некое време со еден грам. Тие го ишмркаа во еден потег. Не ми се допаѓаше кокаинот затоа што ме правеше нервозна. Кога го ишмрка, Дејвид само го извади пенисот, како да сум официјален оценувач на полови органи. Јас бев единствената жена со нив, па тоа му се чинеше логично. Дејвид имаше голем полов орган и имаше обичај да го вади пред жени и мажи. Ми беше многу смешно“, напиша Деби.