Ако Европскиот совет не реши позитивно и не даде почеток на преговори со Северна Македонија, тогаш ќе го казни најдобриот пример меѓу државите во регионот, рече премиерот Заев на Самитот за европска интеграција
Во мандатот на оваа влада имав можност да кажам неколку добри вести, една од најдобрите беше договорот за името со Грција.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот насловен „Засилување на моментот за европска интеграција“ што се одржува ден по годишнината од референдумот за Преспанскиот договор – документот што ја деблокира евроатлантската интеграција на земјата.
Договорот од Преспа покажува дека Северна Македонија е кредибилен партнер за Европската унија дека и таа треба да одобри датум. Унијата мора да прекине со својата национална интровертност
Алексис Ципрас, поранешен премиер на ГРција
Токму оваа спогодба беше во фокусот на дебата – пораките беа дека Македонија испорача и дека сега е редот на Европската Унија.
Меѓу учесниците беше Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција.
„Договорот од Преспа покажува дека Северна Македонија е кредибилен партнер за Европската унија дека и таа треба да одобри датум. Унијата мора да прекине со својата национална интровертност“, рече Ципрас.
Поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц изрази надеж дека во октомври ќе има датум за почеток на преговори за членство.
„Се надевам дека во средината на октомври Советот ќе реши за отпочнување на пристапните преговори како што беше ветено. Се надевам дека нема повторно да се одложува. Моето искуство по три децении во европските инстиуции и европската политика ми кажува дека ништо не можеме да предвидиме“, рече Шулц.
Ако Европскиот совет не реши позитивно и не даде почеток на преговори со Северна Македонија, тогаш ќе го казни најдобриот пример меѓу државите во регионот
Зоран Заев, премиер на РСМ
Одлуката на министрите на Унијата се очекува на 15 октомври. Очекувањата се дека ќе биде позитивна, но што ако не е така.
„Ако Европскиот совет не реши позитивно и не даде почеток на преговори со Северна Македонија, тогаш ќе го казни најдобриот пример меѓу државите во регионот“, рече Заев.
Дел од учесниците предупредија дека други сили сакаат да го искористат регионот за свои цели.
„Русија и Кина имаат предност во регионот затоа што се верува дека тие ги исполнуваат своите ветувања. Визијата на Русија и Кина за иднината на Западен Балкан не предвидува слобода и слободен развој на конкурентност, туку нивно ограничување“, истакна Вес Мичел, поранешен помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.
Според американската амбасадорка, Северна Македонија е пример за тоа како треба да функционираат државите.
„Патот не беше лесен и не е целосно завршен, но јасно ја покажува улогата на оваа држава во регионот“, рече Брнс, порака која, како што кажа, в петок ќе ја пренесе и државниот секретар Помпео.