Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ по едномесечна пауза поради здравствени проблеми со рамото победнички се врати на тенискиот терен во Токио. Српскиот тенисер во 1. коло на турнирот во Токио кој се игра за награден фонд од 1.895.290 долари го победи Алексеј Попирин (6: 4, 6: 2) за само 85 минути.
Ѓоковиќ во второто коло ќе се соочи со домашниот тенисер Гоо Соед, кој изненадувачки го елиминираше германскиот репрезентативец Јан-Ленард Струф.
На УС Опен поради повреда на рамото Ѓоковиќ го предаде дуелот на Стен Вавринк.