Познати добитниците на наградата 11 Октомври

 Одборот за доделување на државната награда”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

                                                                        О Д Л У К А

за доделување на државната награда,,11 Октомври“ во 2019 година  за највисоко признание за животно дело во областа на науката,    уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија

  1. За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на:

–    акад. Љупчо Коцарев, научен работник

  1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

Петар Мирчевски, актер

Димитри Дурацоски, писател и ликовен уметник

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РСМ“. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2019 година (петок) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави