Во Спортски центар „Јане Сандански” во Скопје започна долгоочекуваниот Бизнис 3х3 Баскет турнир во организација на Спортплан. Истиот има за цел да им помогне на сите кои работат да се вратат во игра и во нивниот тим да се создаде кохезија како што единствено ја има во кошарката.
„Таа, на изглед толку наивна дружба на теренот ги развива меѓусебните односи, ја зацврстува довербата и ви дава една поразлична слика за луѓето кои секојдневно ги гледате можеби и повеќе од 8 часа. Гледате дека вашите колеги и соработници се многу повеќе од само вредни и паметни луѓе кои си ги вршат своите работни задачи. Учите повеќе за нивните желби, емоции… Тие луѓе и покрај насмевката на лицето, имаат многу повеќе во нивните животи. Со тек на време се чувствувате послободни кога разговарате, знаете како да им се доближите во критични моменти и формирате мислење како тие би реагирале при одредени предизвици.”, вели Зоран Панчевски, основач на Спортплан, за неговата инспирација за Бизнис 3х3 Баскет.
.