Северна Кореја и САД се договорија да одржат работен состанок на 5 октомври, соопшти севернокорејската државна агенција КЦХА. Тоа ќе биде прв состанок по самитот на Доналд Трамп и Ким Џонг Јунг, кои, без резултат, беше одржан во февруари.
Двајцата лидери се договорија да ги продолжат работните состаноци за време на ненајавената средба на границата меѓу Јужна и Северна Кореја во јуни годинава.
Договорот на двајцата лидери беше неизвесен поради тестирањето на балистичка ранета на Северна Кореја и критиките упатени кон американската страна поради честите заеднички воени вежби со јужнокорејската војска.
Договорено е првиот контакт на претствници на двете земји да се одржат на 4 октомври, пренесува КЦХА, повикувајќи се на заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хуиа. Другите детали, вклучително и местото на средбата, не се соопштени.