Деца обвинети за кражба на зрна ванила на Мадагаскар би можеле да поминат речиси три години во затвор без судење, пренесе „Би-би-си“.
Овој остров е најголем произведувач на ванила, па порастот на производството доведе до пораст на кражбите.
Како што се наведува, условите во затворите за деца се загрижувачки, а дел од нив добиваат само еден оброк во денот.
Се проценува дека над 20.000 деца на Мадагаскар работат на позиции кои се поврзани со трговија на ванила.