Иранскиот суд го осуди Хосеин Ферејодун, брат на претседателот на земјата Хасан Рохани, на пет години затвор за корупција.
Ферејодун беше осуден на неопределена затворска казна во случај на корупција за кој поддржувачите на претседателот сметаат дека е политички мотивиран, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролот на судот, Голамхосеин Есмаили, рече дека е можно братот на претседателот да се соочи со обвиненија и во друг случај, не изнесувајќи повеќе детали.