СДСМ во здравството од реформи донесе хаос, скандали и матни тендери. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии. Во здравството на Република Македонија царува државната мафија. За тоа доказ е и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец каде што се обвинуваат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, или пак сакаат да имаат удел во продажбата.
СДСМ уште еднаш докажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку се грижи нивното лично богатење. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат.