Шилегов ја излажа уште еднаш јавноста. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема добиено барање за назначување на преставник кој ќе го мониторира скандалозниот процес на продажба на градската куќа. Ниту писмено, ниту усно барање е пристигнато до Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, ниту пак е формирана работна група во која учествува опозицијата, што укажува дека Шилегов преку инстант лаги купува време, а во реалноста спроведува криминална распродажба на градската куќа.
Што се однесува до аргументите, еве неколку аргументи на кои Шилегов сеуште нема одговор:
ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не продава и урива туку гради. Бидејќи Шилегов изрази интерес за простории на Градот Скопје во стогиот центар на градот, такви претходното раководство на Градот обезбеди во Офицерскиот дом на плоштадот Македонија, а чија градба е стопирана откако СДСМ е на власт.
Што се однесува до навредите за некакво кукавичко однесување, Шилегов треба да знае дека нема поголем кукавичлук од тоа прво да лажете дека нема да се продава градската куќа, потоа да ставите како итна точка продажба на градската куќа за да на крај лажете за барање за учество во работни групи кој треба да прават надзор на продажбата.
Шилегов бидејќи во јавноста глуми неинформиран, еве ние да го информираме, но и во исто време да го прашаме: дали е спремен да понесе одговорност доколку Градската куќа се продаде, а за возрат се добие неколку децении старата зграда на поранешното ЕСМ? Дали е спремен и кривично да одговара што новиот сопственик на новата градска куќа ќе го части со нула комуналии и бесплатно државно земјиште каде се наоѓа таа зграда? И дали Шилегов е спремен со својот имот да ја надомести разликата во сумата од инвестираното во новата зграда и пониската цена по која таа веројатно ќе се продаде.
Овде мириса на тежок криминал и ова е прва продажба на државен имот каде на формална аукција однапред се знае идниот купувач.
2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.