Врховен суд ќе ја приспитува пресудата за „мерцедесот“ на Јанкуловска

Судиите Фаик Арслани, Џемали Саити, Африм Фидани, Снежана Бајлозова и Јелица Крстевска месецов треба да одлучат за вонредното преиспитување на затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“, дознава А1он.

Како што известуваат, Фаик Арлсани двапати одбил да одговори на нивните прашања, еднаш со изговор дека чека официјално да ја преземе должноста, а  потоа воопшто не одговорил на пораката.

Во јуни Врховниот суд ѝ го прифати барањето на Гордан Јанкулоска за вонредно преиспитување на пресудата и ѝ го одложи издржувањето на затворската казна од 6 години, која Апелација ја намали на 4 години.

Треба да знаете
Последни објави