Груевски: „Лаки је мало нервозан“, Катица барала компромитирачки бомби за Заев

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија на својот Фејсбук профил коментира за ,како што вели, „муртинските приказни“ за Верушевски, Заев и „бомбите“.

-Лаки је мало нервозан” со години беше често цитирана реченица од некогаш култниот филм со наслов кој освен горната реченица совршено одговара на состојбата на актуелниот премиер и неговата банда – ,,Маратонците го трчаат последниот круг”.
Трчајќи го неговиот последен круг, во последната година пред создавање на техничка влада и “бришење патос” на народот со него на следните избори, нашиот ,,Лаки” реши ,,да пука” по новинари кои му објавуваат ,,службени тајни” за неговиот и на другите негови ,,маратонци” криминал, со кој заедно го трчаат ,,последниот круг”. Заев преку ОЈО реши да го плаши со затвор и еден од похрабрите во ова време на закани и страв критички кон грешките и криминалите на власта настроени новинари и уредник на еден од најчитаните портали.
Мандатот го почна и очигледно ќе го заврши со владеење со терор, преку обвинителствата и судовите, вели Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157727347412716?__xts__%5B0%5D=68.ARBjC_Q1L5d89tIvcZyHaHzJF2MB_025w4g4Tq6MsV1gEmaHHqdVHLLJCn_elSs9bxV9jRbi-KnPDuOAiAHazxrm2lheqHRoBrda9rYryO57J3JPlvk6PfiPRkgKFpy_5haXHQkYzKio4NKxEFQV0XLq6aZxvtFdTR2iChcpHS0SfFQObO1Twz1ze1P9HhuWe8EBFZ0vFB9V5oCcta-C6InZw7Ek1W9lCbpjVhROE3VTnoEg2XqtFjtukBY9FW8gW4rbAmhOxF9YPAcPPaAnzsz4YpzbYWMHanj6VOUFvYlqKT_vgh_IrH0ltk5nZ5XJ5FnbbdUDEWxbhQ&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави