Девојките се мотивирани за прва радост против Казахстан

Македонската женска фудбалска репрезентација утре (15 ч.) против Казахстан ќе ја брка првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Селекторот на макеоднскиот тим Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат.

– Ова е нашата прилика за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа, изјави Изов.

Натпреварот се игра на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Треба да знаете
Последни објави