Едно девојче (14) загина откако експлодирал мобилниот телефон во близина на нејзината главата.
Алуа Асетизи Абзалбек од Казахстан слушала музика на нејзиниот мобилен телефон пред спиење и утрината била пронајдена мртва, според „Дејли мејл“.
Крај нејзината глава на перницата имало мобилен телефон чија батерија експлодирала. Тој бил вклучен во струја, соопшти локалната полиција.
Girl, 14, dies when her phone explodes on her pillow after she went to sleep with it plugged into a charger https://t.co/IUDRHu0giA
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 1, 2019
Форензичарите потврдиле дека мобилниот телефон експлодирал рано наутро и дека батеријата се прегреала при полнење. Иако се шпекулира дека девојчето починало од повреди на главата затоа што смртта била моментална, тоа ќе биде потврдено по обдукцијата.
Не е познато за кој паметен телефон станува збор.
„Беше најдобра, се дружевме уште од детството. Ми недостигаш“, напишала најдобрата пријателка на загинатата девојка.