Извршната директорка на „Ер Франс“, Ан Ригај, соопшти дека авиокомпанијата ќе ја намали количината на јаглерод диоксид што се испушта за време на своите домашни летови до следната година.
Француската авиокомпанија ќе инвестира „неколку милиони евра“ во проекти како што се садење дрвја, што би го неутрализирале јаглерод диоксидот како резултат на околу 500 летови на ден во Франција.
Активистите за климатски промени вршат голем притисок врз авиоиндустријата изминатите години поради зголемувањето на емисиите на штетни гасови.