Јавниот обвинител побара Роберт Чејни да биде осуден на десет месеци затвор поради смртни закани упатени кон новинарите од весникот ,,Бостон глоуб”. На судењето коешто заврши денес во Бостон, обвинителот исто така побара од Чејн да му плати на ,,Глоуб” 16.000 долари, колку што весникот потрошил за дополнително обезбедување по неговите закани, објави АП.
Чејн беше уапсен во август минатата година откако 14 пати по телефон им упатил смртни закани на репортерите и уредниците на ,,Глоуб”, на кои бил лут затоа што ги повикале колегите ширум Америка да ги осудат нападите на претседателот Доналд Трамп врз медиумите.
Тој се изјасни за виновен на судењето, а неговиот адвокат рече дека неговиот клиент длабоко жали за „непростливиот чин“. Судијата утре ќе ја објави казната до Чејн.