Извештајот на Антикорупциска за финансирањето на изборната кампања пред Комисијата за политички систем

Посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања од последните претседателски избори и предвремените избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, што го изготви Државната комисија за спречување на корупцијата, беше предмет на расправа на собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Расправата која првично требаше да се однесува на овој извештај, се прошири на целокупната работа на комисијата и нејзиното постапување или непостапување по одредени предмети.

Членовите на Комисијата од опозицијата забележаа, на, како што потенцираа, немањето реакција од Антикорупциската комисија за одредени случаи во кои имало сомневања за корупуција, особено, како што рекоа во Владата, при што беше посочен случајот со ангажманот на советници на премиерот Зоран Заев. Од Антикорупциската комисија посочија дека работат со сите ресурси и капацитети со кои располагаат и оти ниту еден случај во кој има сомневања за корупција нема да остане неразгледан.

Во тој контекст пратеникот и член на Комисијата за политички систем Антонио Милошоски посочи на, како што рече, слуачаите со анагажирањето на агенцијата ИФИМЕС како еден од советниците на премиерот, која не била објавена јавно додека медиумите не ја откриле, но и советникот Љупчо Зафировски, за кој до премиерот како политичка партија упатиле и пратеничко прашање.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, рече дека Комисијата не е селективна во својата работа, дека ги користи максимално своите капацитети и целокупни ресурси и човечки и технички. Предметите по кои работиме, рече, се сериозни и бараат сериозни докази и анализа. За случајот со советникот Зафировски, рече таа, веќе има постапка која е при крај.

Членовите на Комисијата рекоа дека јавноста има големи очекувања од Антокорупциската комисија и оти ќе бара и одговорност за неисполнетите очекувања. Вие рекоа, не сте овде да кажувате што не можете да направите, туку што сте сработиле.

Во врска со Извештајот на ДКСК поврзан со изборниот период Комисијата дава образолжение што се направиле, какви постапки покренале, но и дава препораки кои, како што рече, Ивановска, пратениците можат да земат предвид при носење на новиот Изборен законик, со цел да се отстранат слабостите.

Треба да знаете
Последни објави