Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да се расправа за Посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања од последните претседателски избори и предвремените избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.
Посебниот извештај до Комисијата го достави Државната комисија за спречување на корупцијата.