За време на говорот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, претседателот Емануел Макрон зборуваше за „злоупотребата” на правото на азил и инсистираше на контрола на миграциските текови, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот пред ПССЕ рече дека правото на азил „ќе исчезне” доколку не се преземат мерки за борба против „неговото заобиколување” или дури и „неговата злоупотреба”. Во говорот пред парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, шефот на француската држава повторно инсистираше на потребата од реформа на „контролата на миграциските текови” и „заштита на правото на азил”.
-Затоа што ако немаме храброст да се соочиме со побарувачката за контрола изразена од сите наши сограѓани, ако немаме јасност да видиме дека во многу случаи, барањето за азил доаѓа од длабоко сигурни земји(…) и дека денес барањето за азил очигледно е предмет на заобиколување ако не ипренасочување, не би биле луцидни “, додаде тој.
-Ако дозволиме правото на азил да стане предмет на пренасочување, злоупотреба, тоа ќе исчезне, предупреди претседателот.
-Нема да бидат демократите кои ќе го направат тоа да исчезне, тоа ќе биде авторитарниот политичар избран од луѓе што ќе се плашат и кои ќе речат дека овие луѓе не се сериозни и не нештитат од ништо.
За Макрон правото на азил „е едно од нашите основни достигнувања” што „е дел од она што сме и е измислено на овој континент”.
Со скоро 110.000 апликации за азил, Франција се најде на четвртото место во 2018 година, веднаш зад Турција (116.000) и Германија (162.000). Но, додека побарувањата се намалени во Германија, тие се зголемија за 20 отсто во Франција во 2018 година втора година по ред, со многу албански и грузиски апликаци за кои властите сметаат дека во голема мерка се неосновани.
Емануел Макрон неодамна ја започна дебатата за имиграцијата повикувајќи да и се погледне „во лице” затоа што „Франција не може да ги пречека сите ако сака добро да ги пречека “. Парламентарната расправа за имиграцијата ќе се одржи следната недела во Франција. Шефот на државата ја повтори потребата да се преземе акција на европско ниво, особено за заштита на границите и распределбата на мигрантите.
Тој притоа рече дека не треба да „се попушта на притисокот” одТурција бидејќи неодамна пристигнувањето на мигрантите се зголеми на грчките острови. „Има работа да се заврши со Турција” за спроведување на договорот ЕУ-Турција од 2016 година, според него. Атина во понеделникот ја објави подготвеноста да врати околу 10.000 мигранти во Турција до крајот на 2020 година.
Меѓу другите теми на кои се осврна Макрон е славењето на седумдесет годишнината од создавањето на Советот на Европа
– Ајде да славиме 70-тиот роденден од создавњето на Советот на Европа, Емануел Макрон потсети на тоа што го постигнала институцијата: Избришување на смртната казна, создавање на Европскиот суд за човекови права, заштитни стандарди на владеење на правото и демократијата.
– Ѕидовите на оваа заедничка куќа се испукани од предизвикот за основните права од страна на некои од нејзините 47 земји-членки, рече тој. Сепак, „ние мора да го обновиме единството на нашиот континент врз основа на нашите заеднички вредности”, што значи да се задржи Русија во „заеднички дом”.
– Советот на Европа мора да обезбеди одговори на нови предизвици („дивеењето на светот”, авторитарни искушенија, ширење на говорот на омраза)
– За употребата на гумени куршуми, за кои Франција беше опомената од Комесарот за човекови права, со оглед на сериозноста на нанесените повреди, француската влада ќе застане на „нова доктрина за одржување на јавен ред, рече меѓу другото францускиот претседател.