ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим и богатење на неколкумина во белиот дворец. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против нашата интеграција во НАТО и ЕУ, вели Стефан Васев од СДСМ.
Последна потврда за тоа е изјавата на Владимир Ѓорчев, дека Северна Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Прашуваме, дали Влатко Ѓорчев навистина мисли дека земјава не заслужува датум? Дали свесно работи и навива државата да не започне преговори со ЕУ? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се спремни да и штетат на земјата само за политики поени, но не се свесни дека со тоа губат.
Граѓаните се против нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување. Тоа се докажа и во Кратово со слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која освен локалниот партискиот врв на опозицијата не се појавија граѓани. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од граѓаните, кои не дозволуваат одбрана на криминалниот режим. Граѓаните на нашата државата тргнаа по патот на интеграциите и напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во деструктивното однесување и одбрана на криминалот.