Одборот за доделување на државната награда”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ во 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија
- За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на:
– акад. Љупчо Коцарев, научен работник
- За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
Петар Мирчевски, актер
Димитри Дурацоски, писател и ликовен уметник
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РСМ“. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2019 година (петок) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.