Српските одбојкари добија 400.000 евра по триумфот во Париз

Одбојкарите на Србија заработија 400.000 евра за европската титула што ја освоија во Париз.

Во финалето во француската престолнина, селекцијата на Слободан Ковач ја совлада Словенија со 3:1, оставајќи го нивниот противник со „утешителен” чек од 200.000 евра.

Бронзениот медал замина во Полска, каде ќе си поделат 100.000 евра. Наградниот фонд е обезбеден од Европската централа ЦЕВ.

По успехот, Ковач рече дека единствената работа што може да ја стори откако успеа да го наследи Никола Грбиќ еден месец пред турнирот е да ги обедини искусните одбојкари за една цел – победа.

Треба да знаете
Последни објави