Финска: Еден убиен и деветмина повредени при напад со меч во колеџ

Маж вооружен со нешто што наликувало на меч е ранет и уапсен откако денеска убил едно лице и ранил деветмина во трговски центар во финскиот град Куопи, соопшти полицијата, велејќи дека напаѓачот е фински државјанин.

Еден полицаец е полесно повреден, пренесува АП. Во зградата на трговскиот центар се наоѓа колеџ, каде напаѓачот следел настава. Тој влегол на предавањето, извадил меч од торбата и го нападнал професорот.

Откако некои од студентите почнале да фрлаат со столови кон него, напаѓачот избегал, велат очевидци.

Треба да знаете
Последни објави