„Црн рекорд“: Над 1.000 мигранти настрадале година во Медитеранот

Повеќе од 1.000 мигранти и бегалци настрадале во Медитеранот годинава, што е шеста година по ред којашто означува дека е остварен „црн рекорд“, соопштија Обединетите нации.

Агенцијата за бегалци на ООН, УНХЦР, ги повика земјите членки на Европската Унија да ги реактивираат операциите за пребарување и спасување и призна дека клучната улога ја имаат бродовите на хуманитарната група во спасување животи на море.

„Трагедијата на Медитеранот не смее да продолжи“, рече Чарли Јакли, портпарол на УНХЦР.

ЕУ постигна договор со Анкара во 2016 година за спречување на приливот на мигранти од Турција во Грција. Бројот на заминувања, сега претежно пренасочени преку Либија и другите делови на северна Африка, падна нагло од повеќе од еден милион заминувања во 2015 година на околу 78,00 годинава годинава, покажуваат бројките на УНХЦР.

Треба да знаете
Последни објави