Со обвиненување дека процесот е партизиран и компромитиран, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, поднесе оставка од неговата позиција во Комисијата за избор на вработени во АНБ. Тој неговата одлука писмено му ја соопшти на премиерот Заев.
Трајчо Димков – ВМРО-ДПМНЕ
„Мојот впечаток е дека целиот процес беше фарса, односно имаше за цел да ги покрие претходно донесените одлуки за кадрите кои би влегле во АНБ. Според мене имаше неколку клучни моменти според кои е направен ваквиот избор и не било постапено според Законот на АНБ. Не бил спроведен тестот за интегритет и не било постапено според информациите од ДКСК и судирот на интереси при вработувањата. Исто така поради нејасни причини, не бил спроведен ниту предвидениот полиграфски тест“
И медиумите информираа дека има сомнежи за партиски вработувања, непотизам и вработувања лица со свиојно државјанство што е спротивнио на законот. Според непотврдени гласини, изборот на вработени во оваа институција продолжува, иако директорот Виктор Димовски пред една недела изјави дека таа постапка е завршена. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не сака да ги коментира состојбите во АНБ и упатува сите одговори да ги даде директорот на оваа независна институција.
Алсат, уште при пренесувањето на дел од вработените од УБК во АНБ, контактираше со членовите на комисијата за избор, но тие одбија да зборуваат со оглед на класифицираната информација. Околу 300 лица кои не ги поминале филтрите за селекција ќе останат вработени во МВР.
Шефот на парламентарната комисија за следење на спроведувањето прислушувањата, Емил Димитриев, по првата посета на АНБ, не ги коментираше гласините за евентуални нерегуларности при пополнувањето на персоналот на институцијата. Но, Димитриев рече забележани се некои неправилности.
Целиот линк прегледајте го тука: https://www.alsat-m.tv/mk/%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%be-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%ba%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b8%d1%81/