Првиот квартален извештај за работата на Антикорупциската комисија ќе биде промовиран денеска во Скопје во рамки на проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата”.
Проектот го спроведуваат Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија” во партнерство со Институтот за човекови права, а со поддршка од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.
– На настанот ќе ги презентираме наодите од следењето на работата и постигнувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата, со оценка за ефективноста и транспарентноста, наведуваат организаторите.