Во Битола утре (17.45 ч.) ќе биде празник на ракометот затоа што гостува европскиот вице-првак Веспрем кој во своите редови ги има: Манасков, Мае, Лауге, Тонесен, Борозан, Мораеш…
Во пресрет на дуелот со унгарскиот претставник, тренерот на „фармацевтите“ Стевче Алушовски изјави дека несреќните порази во европската Лига на шампиони се минато, а погледите се свртени кон СЕХА лигата во која сакаме да бидеме на едно од првите две места во групата.
-Утре ќе го дадеме нашиот максимум за да успееме затоа што знаеме дека ракометот не го играат имињата, нити буџетот на екипите. Ова ќе биде празник за македонскиот ракомет и верувам дека Битола ќе ужива во натпреварот. Очекувам полна сала за овој дерби натпревар во кој сепак Веспрем е фаворит, но ние се подготвуваме за изненадување, истакна Алушовски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Веспрем се игра во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола.



