Велика Британија предлага да се постават царински станици од двете страни на ирската граница по брегзит за да се избегне потребата за контроли на границата, но ирскиот министер за надворешни работи ја отфрли идејата, пренесува ирската РТЕ.
„Велика Британија предложи создавање на серија царински центри од двете страни на ирската граница како клучен дел од нејзиниот план за замена на бекстопот“, објави твитот на уредникот на РТЕ за Европа, Тони Конели.
„Овие центри се всушност царински станици и ќе се наоѓаат на 8 до 16 километри од границата“, рече тој, додавајќи дека Лондон го предложил тоа во таканаречен „нон-пејпер“, кој го испратил во Брисел.
Ројтерс известува дека овие царински центри се дел од новите предлози што британскиот премиер Борис nsонсон ќе ги претстави пред претставниците на ЕУ оваа недела.
Ирската и британската влада, како и ЕУ, сакаат да ги избегнат граничните проверки, бидејќи тоа може да ги поттикне тензиите.
Предлогот за воведување царински станици веќе го отфрлија Даблин и ирскиот министер за надворешни работи.
Бекстопот, заштитна мерка со која се спречува подигање на цврста граница на ирскиот остров, е неприфатлив за застапниците на брегзит, бидејќи немаат одврзани раце за склучување договори за слободна трговија со трети земји.