Аталанта остана без бод во нивниот втор натпревар во Лигата на шампионите, откако дозволи доцен пораз од 1-2 против Шахтјор Доњецк.
Средбата во групата „Ц” на најпрестижниот европски клупски турнир започна лошо за тимот од Бергамо, кој промаши пенал преку Иличиќ 25 минути по почетокот на мечот.
Сепак, пред да поминат половина час, домаќините го отворија резултатот кога Дуван Запата ја матираше одбраната на гостите. Во 41. минута, сепак, Жуниор Мораеш го израмни резултатот.
Кога сите помислија дека средбата ќе заврши нерешено, во петтата минута од додаденото време Шахтјор украде три поени по голот на Соломон. Интересно е што ова се случи по брз контранапад, во моментот кога Аталанта бараше победа.