По последниот неуспех со Фиорентина на „Сан Сиро“ (1-3) двоецот Паоло Малдини и Звонимир Бобан тргнаа во потрага по нов стратег, но никој не ја прифатил подадената рака. Италијанските медиуми објавија дека дури пет тренери му удриле „корпа“ на Милан во рок од 48 часа.
Малдини и Бобан преговарале со Андриј Шевченко, Масимилијано Алегри, Џенаро Гатузо, Клуадио Раниери и Лучано Спалети.