До 21 октомври продолжен рокот за пријавување на конкурсите за млади поети и за уметници

До 21 октомври годинава е продолжен рокот за пријавување на конкурсите за млади поети и за млади уметници на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail:gordana@ams.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади или на веб-страницата на Агенција за млади и спорт.

Агенцијата за млади и спорт петти пат ги објави „Конкурсот за млади поети” и „Конкурсот за млади уметници” со цел да го поттикне творечкото и уметничко изразување кај младата популација.

Треба да знаете
Последни објави