Европската комисија денеска усвои нови мерки за еко-дизајн на производи како што се фрижидери, машини за перење, машини за миење садови, телевизори, продолжувајќи ги напорите за намалување на отпадот од јаглерод и сметките за енергија во Европа.
Подобрувањето на еко-дизајнот на производите ќе придонесе за имплементација на принципот „Енергетска ефикасност на прво место”, што е меѓу приоритетите на Унијата за енергетика на ЕУ.
Според ЕК, за првпат овие мерки вклучуваат услов производите да можат да се поправат и рециклираат. Проценето е дека подобрувањето на работниот век на апарати, одржување, повторна употреба, надградба, рециклирање и управување со отпад ќе придонесе за исполнување на целите на кружната економија.
Комисијата проценува дека овие мерки, со ознаки за енергија донесени во март, ќе заштедат 167 TWh на финална потрошувачка на енергија годишно до 2030 година.
Ова одговара на годишната потрошувачка на енергија во Данска и значи намалување на повеќе од 46 милиони тони еквивалент на СО2.
За европските домаќинства, новите мерки значат заштеда во просек од околу 150 евра годишно.
Новата заштеда доаѓа од веќе постигнатите благодарение на одредбите за еко-дизајн и етикетирање на енергија, кои се очекува да донесат годишна заштеда од околу 150 милиони тони нафта еквивалентно до 2020 година, што одговара на годишната потрошувачка на енергија во Италија.
За потрошувачите, ова значи во просек 285 евра помала сметка за електрична енергија на годишно ниво.