ЕУ со повик за воздржаност и смирување на тензиите во Хонг Конг

Европската унија повика денеска на смиреност и воздржаност во Хонг Конг, каде полицаец рани демонстрант за време на судири при протести.

„ЕУ продолжува да потенцира дека дијалогот, смирување на тензиите и воздржаноста се единствените начини да се оди напред”, изјави портпарол на Европската комисија на редовна прес-конференција. Полициски службеник во Хонг Конг пукаше од огнено оружје и рани демонстрант денеска за време на нови судири на протестите, соопштија извори блиски до полицијата.

„Полициски службеник пукаше од огнено оружје откако беше нападнат и еден демонстрант беше застрелан во градите”, велат изворите, додавајќи дека повредениот човек бил хоспитализиран.

Полицијата претходно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите на продемократските протести во Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави