– Потпретседателот на Европскиот парламент Димитриос Пападимулис денеска побара од Европскиот совет да ги почне преговорите со Северна Македонија и Албанија, истакнувајќи дека овој позитивен моментум во регионот не смее да се испушти.
-Владата на Северна Македонија докажа дека е посветена на ЕУ и ја покажа својата храброст да напредува во важните реформи. Со години истакнувавте дека секоја земја треба да оди напред врз основа на сопствените заслуги. Така докажете ја вашата стратегија и не го поврзувајте процесот на европска интеграција на една држава со процесот за друга држава, рече Пападимулис обракајќи се на Европскиот совет да поддржи почеток на преговори со земјава.
Тој повтори дека следнниот период е многу важен за регионот, бидејќи одлуката за почеток на преговори во голема мера ќе ја дефинира иднината на целиот регион.
-Тоа ќе биде одлука со ккја ЕУ ќе го спроведе нејзиниот кредибилитет и ќе го искористи моментот особено по склучувањето на историскиот Преспански договор со цел да ги ангажира државите во градење, добри соседски односи и во воведување демократски реформи. Ова е шанса што не смее да се пропушти, додаде Пападимулис.
Истакна дека доколку се пропуштат овие можности ќе треба да се плати висока цена за регионалната и за европската стабилност.
-Играњето политички игри со чувствителни прашања е голема грешка на Балканот. Национализмот и популизмот, како и иредентистичките идеи можеби се добра алатка за победа на избори, но тоа е гангрена што останува во душата и телото на нашите општества долго време, порача потпретседателот на Европскиот парламент.