Според професорот по компјутерски науки, д-р Дејвид Леви – авторот на „Љубов и секс со роботи”, и политичарите наскоро ќе бидат заменети со роботи. Тоа најмногу поради нивната способност (на роботите), да носат правилни одлуки, објави британски „Дејли стар”.
– Претседателот или премиерот носи одлуки во врска со економски, политички, здравствени и сообраќајни прашања… Тие одлуки во крајна линија би биле многу подобро дефинирани од вештачка интелигенција, отколку од луѓето, зашто вештачката интелигенција се развива со доста брзо темпо, така што за скоро секоја задача за којашто се потребни човечка интуиција и ум, ќе биде решена со помош на вештачка интелигенција, смета д-р Леви.
Научникот го спомна и тоа што луѓето сѐ повеќе ја губат довербата во политичарите, како на пример, во случајот со Брегзит и Трамп.
– Во крајна линија, мислам дека сите ќе се сложат дека вештачката интелигенција ќе биде подобра од луѓето во речиси секое поле. Така што, ако има нешто што би било подобро во врска со економското планирање, отколку кое било човечко размислување во областа на економијата во вашата земја, што ќе изберете – човекот или вештачката интелигенција?, прашува професорот.
Тој смета дека вештачка интелигенција би можела да одговори на секакво прашање.
– Одговорите ќе дојдат од самата вештачка интелигенција, коешто би било многу подобро од состојбата сега. Вие и јас не можеме да го најдеме телефонскиот број на Борис Џонсон, на пример и да го прашаме тоа што сакаме, се пошегува д-р Леви.
Според него, човештвото не треба долго да чека на оваа нова реалност. – Само 30, 40, 50 години – ништо повеќе, нагласува тој.