Полската полиција ја испитува смртта на козите што властите ги испратија во Варшава на островот на реката Висла, со цел да ги избрстат џбуновите и со тоа на птиците да им обезбедат живеалиште за гнездење.
Едно лице кое го посетило островот минатата недела ги извести еколозите дека таму пронашол многу трупови на животните, пренесува АП.
Полицијата пронашла десет трупови на кози на островот, кои веднаш биле закопани, додека 30 животни биле пронајдени во многу лоша состојба.
Мажот кој требало да внимава на стадото, изјавил дека, наводно, фрлил неколку мртви тела во реката, по упатство на сопственикот на животните.
Еколозите, од друга страна, предупредуваат на потенцијални опасности по здравјето.
Портпаролката на Градското собрание, Ева Рогал, изјави дека ветеринарите сè уште не ја утврдиле причината за смртта на животните, а властите се обидуваат да го контактираат сопственикот на стадото.



