Трамп ја честиташе годишнината на Народна Република Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп упати честитка по повод 70-годишнината од прогласувањето на Народна Република Кина.

„Честитки претседателе Си (Џинпинг) и на кинескиот наорд по повод 70-годишнината од Народна Република Кина“ напиша Трамп на Твитер.

Трамп генерално позитивно се изразува за кинескиот лидер, иако односите на двете земји се влошени од неговото доаѓање во Белата куќа.

Тој започна трговска војна против Кина и неговата администрација е многу критична кон кинеската репресија кон муслиманските Ујгури и другите малцинства.

Треба да знаете
Последни објави