Доскорашниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360 Степени“, зборуваше за преговорите кои доведоа до потпишувањето на Договорот од Преспа.
Тој откри дека кратко пред постигнувањето на компромисот, мислеле дека нема да може да најдат заеднички јазик.
-Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г-динот Коѕијас и г-дин Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик. Но, надвладеа логиката. Тоа беше непосредно пред договорот, неколку дена пред потпишувањето на договорот, рече Ципрас.