Македонските девојки на мегдан со Казахстан

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска (15 ч.) на теренот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ го пречекува Казахстан во квалификациски натпревар за ЕП-2021. Македонските девојки по стартниот пораз од Австрија, избраничките на селекторот Кирил Изов посакуваат прва победа во квалификациите.

Главен адут за денешниот меч на македонската репрезентација ќе биде интернационалката Наташа Андонова, која настапува во шпански Леванте.

На 5. октомври  македонската репрезентација ќе игра против Србија, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во групата за пласман на завршницата на ЕП во Англија, главен фаворит е Франција.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави