Раперот Мелоун се стаписал кога девојка од публиката му ги покажала градите

Раперот Пост Мелоун (24) ужива во својата турнеја во „Runaway“. На социјалните медиуми се шират фотографии на кои обожавателка од публиката ја крева маицата и на раперот му ги покажува градите, а неговата реакција стана вирален хит. Раперот го испуштил микрофонот, ја погледнал девојката во публиката, па ги искокорил очите и ја отворил устата во шок.View image on TwitterМелоун минатиот месец го издаде албумот „Hollywood Bleeding“, на кој соработуваше со Тревис Скот (28), Канје Вест (42) и Ози Озборн (70).

Вистинското име на Пост Мелоун е Остин Ричард Пост, и тој потекнува од многу богато семејство, кое било изненадено од неговата одлука да се занимава со рап-музика. Сепак, Пост се проби во светот, а неговиот најнов албум се искачи на првото место на топ листите на „Билборд“.

Тој е препознатлив и по тетоважите на лицето. Над веѓите му пишува „остани настрана“, а под очите „секогаш уморен“.

Треба да знаете
Последни објави