Ашер-Смит го освои првото британско женско спринтерско злато

Британката Дајна Ашер-Смит го искористи отсуството на повеќето фаворитки и триумфираше на трката на 200 метри на Светското првенство во Доха и така стана првата Британка со спринтерска титула на СП или на Олимпијадите.
Ашер-Смит постави британски рекорд од 21.88 за победа пред Американката Британи Браун
(22.22) и Швајцарката Муџинга Камбунџи (22.51). Ова е втор медал за Ашер-Смит на
шампионатот, откако освои сребро на 100 метри зад незапирливата Шели-Ен Фрејзер-Смит.

Треба да знаете
Последни објави