(Видео) Кинески политичар во домот криел 13 тони злато, му се заканува смртна казна

Полицијата започна истрага против поранешниот кинески гувернер, Жанг Ки, откако во подрумот на неговата куќа била пронајдена огромна количина злато.

Покрај 13,5 тони злато, полицијата пронашла милиони јуани во готово, антиквитети, но и извештаи за поседување бројни луксузни недвижнини, пренесува РТ повикувајќи се на локални медиуми.

Против него е покрената истрага за евентуални незаконски активности.

Во Кина, политичарите може да бидат осудени на смртна казна поради економски злосторства и корупција, пишува РТ.

Треба да знаете
Последни објави