Силно невреме ја зафати Хрватска, а поројниот дожд донесе поплави во Загреб.
Невремето е проследено со силен ветер, а во Нова Градишка на улиците паднале дрвја.
Во северна Далмација во текот на денот се забележани над 2.000 молњи. Пороен дожд има и во Задар и околината. Невремето ги зафатило и Истра, Кварнер и Ровињ, а во Водњан улиците се поплавени.
Хрватските медиуми пренесуваат дека невремето и поројниот дожд ќе продолжат и утре, а особено на Јадранскиот брег. Исто така, се очекува и пад на температурите.
Утре и за викендот во Хрватска се очекува потопло и стабилно време.