(Видео) Џастин Тимберлејк нападнат од обожавател во Париз

Пејачот Џастин Тимберлејк (38) и неговата сопруга, актерката Џесика Бил (37), присуствуваа на Модната недела во Париз. Џастин се појави во маица со отпечаток наместо кошула, но и во костум кој беше задолжителен, додека сопругата се определила за впечатлива бела кошула со кратки ракави и здолниште во риги со голем шлиц.

Додека оделе пред музејот Лувр ги нападнал еден маж, кој се фрлил на подот и го зграпчил Џастин за ногата и не го пуштал.

Неговата сопруга цело време го држела за рака, а чуварите веднаш помогнале и за само неколку секунди го решиле „проблемот“.

Музичарот и актерката останале прибрани и исклучително професионални и не направиле драма поради инцидентот. Смешкајќи се, тие се упатиле на модната ревија на Луј Витон.

Треба да знаете
Последни објави