Куртоа остана во соблекувална на полувреме поради стомачен проблем или лошите одбрани !?

Реала Мадрид се спаси од втор пораз сезонава во вториот настап од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, овојпат пред своите гледачи од белгискит Бриж (2:2), но и со ремито неговите навивачи се разочарани. Бриж по првото полувреме водеше со 2:0. На полувремето во соблекувалната остана чуварот на мрежата на „кралевите“, белгискиот интеранционалец Тибо Куртоа кој прими два гола за едно полувреме.
Куртоа е мета на критики кај симпатизерите Реал Мадрид. Лошо бранеше Куртоа, а тренерот Зинедин Зидан во второто полувреме шанса му даде на Алфонс Ареола.
-Куртоа имаше стомачен проблем. Ареола не спаси кога беше 2-1, бранеше многу добро“, изјави Емилио Бутрагењо, директорот на Реал Мадрид по натпреаврот.
Вадење на полувремето се смета за големо понижување за еден голман, па се претпоставува дека Реал Мадрид со изјавата за стомачни проблеми сака само да го заштити Куртоа. Ретко кој верува во приказната дека стомачниот вирус е причина за замената.
Треба да знаете
Последни објави