Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска вети дека ќе стори сé што е во нејзина моќ за да се гарантира дека се почитуваат стандардите за човекови права во сите земји во просторот што го покрива Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Говорејќи за прв пат пред парламентарното собрание, генералниот секретар рече дека почитувањето за човековите права не може да се преговара и дека ќе обезбеди државите да ги следат пресудите на Европскиот суд за човекови права.